Кривична пријава за “трговија со дете“

0
420

Денес (25.02.) Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.Д. (42) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “трговија со дете“ по член 418 од КЗ на РМ.

Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата и јануари оваа година го принудувало детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми“25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест. Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи. М.Д. е задржана во ПС Кисела Вода  и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, соопшти МВР.