Кривична пријава на Финансиската полиција против министерот за локална самоуправа Фазлиу

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријава против Љ.Ш. и С.Ф. , министер за локална самоуправа, М.М.П. во својство на државен советник за европски интеграции во Министерството и против Б.Р. во својство на одговорно лице за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија. Овие кривични дела се сторени од 2015 до 2017 година.

Љ.Ш. и Сухејл Фазлиу, актуелен министер за локална самоуправа, заедно со М.М.П. и Б.Р. со несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности во реализација на проект на ИПА фондовите наменети за техничка помош за меѓугранична соработка со Бугарија.

mkd.mk

Share.