Кризен штаб: Се намалува бројот на заболени и хоспитализирани од Ковид 19 во Битола

Општинскиот кризен штаб денес одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за актиелата состојба со Ковид-19 во општината.

Од Општина Битола информираат дека директорката на Здравствениот дом Весна Спирковска информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1250 лица со вакцината Астра Зенека.

Во Клиничка болница Битола, денес за прв пат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работини сеуште е голем.

Во Центарот за јавно здравје има маналување на пријавените за PCR и брзи тестови,а директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје и и истите можат да се најдат на следниот линк.

Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број на екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација, се вели во информацијата од Општина Битола.

Сподели