Крилото Бојан Маџовски стави потпис на договор со Еурофарм Работник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскотo репрезентативнo крило Бојан Маџовски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник. Toј потпиша договор на три сезони и е второ засилување на клубот оваа сезона по Никола Митревски. Маџовски доаѓа од Металург, а има искуство од настапи и во Битола, бидејќи го носеше дресот и на Пелистер.

Бојан Маџовски е репрезентативец и со него продолжува трендот на квалитетни засилувања на битолскиот клуб, кој следната сезона првпат ќе игра во СЕХА лигата, а трет пат по ред во Европа.

Клубот нема да застане со овие засилувања и наскоро ќе ги претстави и следните новајлии во екипата за сезоната 2019/20.

Share.