Крушево низ корија, по седми пат

Во Крушево  по седми пат  се одржа фестивалот на отворено „Крушево низ корија“, кој во своите содржини вклучува : кампување на Мечкин камен, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер , при тоа придржувајќи се до пропишаните мерки и уредби од Владата на Република Македонија.
После настанот организаторите истакнаа: „Како што си е редот, гости пристигнаа од секаде : Битола, Скопје, Охрид , Струга, Радовиш, Гевгелија,Крушево,Неготино, Прилеп, Струмица, Кичево, Македонски брод….дури и од с.Горно Барбарево. Да сте здрави и живи и весели…се гледаме во Крушево догодина „.Велосипедската тура се возеше на три патеки. Малата МТБ тура „Крушево низ корија„ со должина од 15 км и елевација од околу 300 метри, средната со должина од 30 км и елевација од 700 метри, големата тура со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Настанот вклучуваше и тандем летови со параглајдер.

Планинарската тура се одвиваше на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата беше класифицирана како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години.

Турата заврши во Крушево каде учесниците можеа да ги посетат културните знаменитости.

За крај секој учесник доби и спомен ТАПИЈА за учество на фестивалот.

 

 

Сподели