Кугларите на Хераклеа загубија во финалето на Купот

0
209

Во „ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје екипата на кугларскиот клуб Хераклеја од Битола е поразена во финалето од Купот од екипата на Макпетрол со резултат од 6-2, а иако се поразени сепак се горди на постигнатото, бидејќи по втор пат го освоија сребрениот медал.

Претходно во шампионатот, Макпетрол во 14 победи и само еден пораз сосема заслужено славеше 16. титула во низа. Вицешампион оваа сезона повторно е тимот на Вардар 2014, третото место им припадна на кугларите на ГТЦ Мусандра, додека Хераклеа заврши на четвртата позиција.