КУД.Единство од Сплит за Денот на државноста на Хрватска во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Богатиот музички репертоар на вокалната женска група при КУД. Единство од Сплит, беше изведен во преполната сала на битолскиот Завод и Музеј, а по повод Денот на државноста на република Хрватска, настан во организација на Хрватскиот културен центар и македонско- хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола.
Воедно овој настан беше во рамките на многубројните оваа година во која се одбележуваат и 25 години постоење на ова здружение.

-Ние традиционално го одбележуваме Денот на државноста, кој се прославува на 25 ти јуни, уште од 1991 год.кога хрватското собрание донесе одлука за самостојност на  Хрватска, кога таа стана самостојна и независна држава. Воедно со оваа прослава одбележуваме и 25 години постоење на нашето здружение,
години исполнети со многу ентузијазам и љубов кон секој проект, настан, со кои на еден начин ја доближуваме хрватската култура на граѓаните на Битола, а освен тоа од самото постоење ние македонските работници претежно од областа на културата, ги промовираме во Хрватска. На тој начин ги зближуваме двата народи :македонскиот и хрватскиот-истакна претседателот на хрватскиот центар, Бранко Маретиќ.

Во рамките на овие 25 години се реализирале бројни проекти меѓу кои: збратимување на општина Новаци со општина Дуги Рат, Хрватска, збратимување на КУД “Илинден“ со КУД “Далмација“, Дуги Рат, збратимување на општина Ресен со општина Муртер, бројни турнеи и размена на национални театарски куќи, културни центри, концерти, артисти од Хрватска во Битола и обратно.
Секоја година учествуваат на бројни фестивали во Хрватска со КУД “Илинден“, асоцијација за фолклор “Плетенка“, КУД од Ресен, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и други градови, а организираат и гостувања на хрватски друштва на нашите фестивали меѓу кои Бит фест, Илинденски денови, манифестации не само во Битола, но и Прилеп, Ресен, Охрид.
Веќе 4- та година, хрватската Амбасадорка, Данијела Баришиќ, е присутна на овие манифестации и го истакна задоволството што во Битола се организираат вакви настани за промоција на хрватската култура.
Овие настани секоја година се со поддршка на општина Битола, па и градоначалничката Наташа Петровска присуствуваше на самиот настан и ги поздрави присутните.

Соорганизатор и оваа година на манифестацијата беше Хрватската Матица на иселеници подружница Сплит, кои веќе долги години скоро од почетокот на постоењето на македонско-хрватсткото друштво, се со нив.

Помеѓу гостите  присутни беа и градоначалникот на Дуги Рат Хрватска, Јерко Роглиќ, градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Оваа година програмата беше составена од изложбата “Пет векова Марулиќева евангелиста“ Сплит и концертот на далматинската женска вокална група при КУД “Единство“ исто така од Сплит, Хрватска.
Во годината во која тие прославуваат 100 години од своето постоење и овој настап е еден од оние за одбележување на овој јубилеј.
Со изведбата на своите песни, вокалната група го доближи културното наследство на Сплит, Далмација и воопшто Хрватска, на битолската публика, како дел од богатото наследство на хрватската култура, а ги изненадија присутните со изведба на македонските композиции Јовано Јованке и Македонско девојче.
Поделени беа и подароци, организацијата на жени од Битола со посебни подароци за гостите од Хрватска, сите присутни добија и карактеристични срца од Хрватска од организаторот како сувенир кој ќе ги потсетува на еден прекрасен настан.
Забавата продолжи во ресторанот на Премиер центар каде се пееја македонски и хрватски песни, но се заигра и македонското оро.

 

Share.