КУД.Илинден-извор за љубов кон народната култура

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

КУД. Илинден, едно од најстарите и најголеми културно уметнички друштва во Македонија, оваа година со традиционалниот годишен концерт во Центарот за култура ќе одбележи 62 години постоење.
Амбасадори на македонскиот фолклор и традиција насекаде низ светот, добитници на престижни награди и признанија, меѓу кои Гран при во Монт Дор Франција,прво место на еден од најреномираните фолклорни фестивали во светот, В.Британија, како и највисокото признание на Битола-наградата 4 ти ноември и други.
Покрај адвокатската дејност, тука се и големиот број на општествени дејности на претседателот Антонио Димитровски, меѓу кои и претседател на СОФАМ.

Во текот на годината СОФАМ. ги организира регионалните смотри, на меѓународен план тука е учеството на конгреси, во повеќе земји од светот, меѓу кои Индонезија, Јужна Америка, Перу, Франција, Италија и други.
КУД.Илинден  во сабота на 16.12 ќе одржи два годишни концерти.

Пред две години покрај многубројните настапи беше потпишана и повелба за збратимување со КУД. Далмација од Дуги Рат, Хрватска.
КУД. Илиден во текот на своето постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајки го македонскиот фолклор. Илинден е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура. Секоја година КУД. Илинден бележи од 40 до 100 настапи.

Share.