Курц формираше десничарска австриска влада

0
291

Австриските конзервативци и екстремната десница во петокот постигнаа договор за коалиција, два месеци по изборите, пренесе АФП.

Договорот меѓу Народната партија на Себастијан Курц (ОеВП) и Партијата за слобода која е против имиграцијата (ФПОе), доцна во петокот објавија дека Курц (31) ќе стане канцелар, а исто така и најмладиот светски лидер.

„Среќни сме што го постигнавме овој договор. Утре (сабота) ќе го информираме претседателот за нашата програма и нашиот тим“, изјави за новинарите во Виена Курц.

„Гласачите ни дадоа јасен мандат да ги земеме во предвид нивните грижи, особено кога станува збор за нивната безбедност“, изјави шефот на ФПОе, Хајнц Кристијан Штрахе на истата прес-конференција.

ОеВП беа први на гласањето на 15 октомври со 31,5 посто откако Курц, „чудото од дете“, ја ребрендираше спокојната партија како свое лично „движење“ ветувајќи дека ќе биде строг кон имиграцијата и ќе ги намали даноците.

мкд.мк