Кучињата миленици добија парк во Битола

Кучињата домашни миленици добија парк во Битола. Просторот е ограден и со информативни табли со правила за користење. Лоциран е во долниот дел од градскиот пак кај градското Шеталиште.

 

„Голем дел од нашите сограѓани имаат домашни миленици, но во зависност од нивниот простор на живеење, немале досега можност да имаат огранизиран простор каде што ќе ги носат нивните миленици. Добробитот е двоен, бидејќи милениците имаат каде да се растрчаат и да имаат свои активности, а од друга страна со самата ограденост, заштитени се останатите граѓани. По согледувањата на граѓаните, барање за ваков простор постои и во горниот дел од градот, во Нова Битола. Идејата е добра и ќе даде можност повеќе, бидејќи оддалеченоста од оваа локација е голема. Отворени сме за секакви дополнителни сугестии од граѓаните, кои што можат да дадат подобрени варијанти, во интерес на сите нас“, истакна градоначалничката Петровска.

 

Паралелно со акцијата за поставување на паркот, ЈП „Комуналец“ обезбеди дополнително осветлување на овој простор, со цел граѓаните да можат да остануваат и подоцна во вечерните часови.Во оградаениот дел од паркот има реквизити изработени од природен материјал каде што кучињата ќе може да си играат.

„Паркот за миленичиња е ограден простор каде што граѓаните со своите миленичиња можат да дојдат, а миленичињата да се растрчаат, но и да рекреираат. За таа цел поставивме реквизити, кои се од природни материјали. Би сакал да укажам на правилата кои се запишани на поставените табли на двата влезови, да се чува инвентарот, а отпадот од кучињата граѓаните да си го ставаат во корпите за таа намена, за да можеме паркот да го одржуваме во добра кондиција“, истакна директорот на Јп „Комуналец“, Панде Богоевски.

 

Во паркот е дозволено само влез за кучиња, и не повеќе од три кучиња на еден сопственик. Кучињата кои ќе бидат внесени во паркот треба да се вакцинирани, прочистени од паразите и да не се болни.Ако во даден момент кучето манифестира агресија сопственикот е должен да го смири и да го изнесе од паркот.Сопствениците се законски одговорни за своите кучиња и тие треба секогаш да бидат во паркот за да го надгледуваат однесувањето на својот миленик . Ова се дел од правилата кои што треба да ги почитуваат граѓаните доколку сакаат своето куче да го носат во паркот за миленици.

Сподели