Куќен притвор за Јасна Мандиќ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Судија на претходна постапка и определи куќен притвор на Јасна Мандиќ  потретседателката на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски.

Обвинителката Вилма Рускоска пред Кривичниот суд изјави дека е даден  налог за претрес кај три лица кои се опфатени за оваа истрага.

Таа бараше притвор само за Мандиќ, а за останатите само мерки на претпазливост.

„Судијата на претходна постапка остана да одлучи за мерката притвор што ја предложив за приведената осомничена. За другите тројца осомничени побарав мерки на претпазливост: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште  и еднаш неделно задолжително јавување во судот. Тројцата утре ќе треба да дојдат пред судијата на претходна постапка и за нив дополнително ќе се одлучува“, изјави вечерва Обвинителката Русковска пред да си замине од судот.

Share.