Куќичката на Дедо Мраз во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Традицијата продолжувa, oд 24 – 30.12.2018 година, во дрвената куќарка кај Саат Кулата, по шестти пат ќе биде организирана хуманитарната акција „Куќичката на Дедо Мраз“!

Оваа година, во соработка со JП Комуналец Битола и Ротари Клуб Битола Широк Сокак, ветува голема новогодишна магија!

Да покажеме хуманост! Во празничните денови кои што следат да предизвикаме радост кај оние, на кои им е помошта најмногу потребна. Како и секоја година сите оние кои имаат играчки, храна и се што сметаат дека може да биде во рамки на оваа хуманитарна акција можат да ги остават во куќичката на Дедо Мраз, а потоа тие ќе бидат распределени онаму каде што е потребно.

Бидете хумани и оваа година за да има повеќе среќни деца.


Share.