Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник V

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги отфрли тврдењата на британските медиуми дека руски шпиони го украле нацртот на британската вакцина на „АстраЗенека“, нагласувајќи дека таквите наводи се без основа и покритие.

Таблоидот „Сан“ на 10 октомври објави статија, во која се тврди дека руски шпиони ја „украле“ формулата за вакцината, развиена од британско-шведската компанија „АстраЗенека“, со цел да се направи руската вакцина „Спутник В“.

Медиумот во својот краток текст се повикува на неименувани безбедносни извори.

Спорот се случува во момент кога Велика Британија и Русија имат спротивни успеси во кампањите за вакцинација.

 

Сподели