На два дена пред Новата година, програмата на Зимската приказна, уште повеќе ги подготви битолчани за дочекот на 2023. Програмата продолжи со детската театарска претстава „Зимска приказна“, настапот на Фолтин, Groove i Corrosion.

Во Старата битолска чаршија со Енис бенд, Дуо латино бенд, групите Фаворити и Бонус.

Во сабота програмата продолжува со Ѕвездите на ,, СИ ДО “, детската театарска претстава ,, Новогодишна збрка “, песни и рецитали на Влашки јазик, детската театарска претстава ,, Новогодишни светулки “. Вечерта програмата продолжува со детската театарска претстава ,,Зимска приказна ”, настапот на Lucent, Љубојна, Никола Зацески и групата Мелем.
62 проекти, 300 часови активна програма, музика од сите жанрови, различни театарски претстави за деца, улични перформанси, пратечка ДЏ програма низ битолските кафе баров, новогодишен базар беа само дел од содржините на оввогодинешната Зимска приказна.
Програмата се одвиваше пред Офицерски дом и на пешачката улица со калдрма кај Старата битолска чаршија .ОФФ програмата имаше улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка ДЏ програма низ битолските кафе барови.












