Лажна дојава за подметната бомба во Телевизија Сител

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Непознато лице се јавило во Телевизија Сител околу 21 часот и кажало дека во студиото има поставена бомба.

Веднаш по повикот била известена полицијата, а екипи на МВР, вклучувајќи и антитерористички тимови излегле на терен. По проверката било утврдено дека се работи за лажна закана.

Денеска полицијата во својот билтен информира за случајот.

На 29.03.2018 година околу 21,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало дека во студиото имало подметнато експлозивна направа. На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените. По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување, стои во соопштението на МВР.

Share.