ТЕРА

REKLAMA???

ЛАЖНИ БЕА ДОЈАВИТЕ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ВО БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА

На електронските адреси на три основни училишта во Битола денеска имаше дојави за поставени експлозивни направи.

Според полицијата, мејлови пристигнале во основните училишта „Стив Наумов“ , „Трифун Пановски“ и „Тодор Ангелевски“.

Училиштата биле евакуирани, а по проверките на полицијата, било констатирано дека станува збор за лажни пријави.

Ова е втор случај за дојава за поставени бомби во училишта во Битола овој месец.

Денеска дојави за поставени експлозивни направи имаше во училишта во Прилеп, Скопје, Тетово, Струга

Попладнево министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.