Лазаров и Митревски ја водеа Македонија до победа против Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29-28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако македонскиот национален тим и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа.

„Црвено-жолтите“ до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест гола, како и голманот Никола Митревски со 15 одбрани.

На вториот натпревар од шестото коло во седмата група, Данска ја победи Финска со 46-24.

Македонскиот национален тим го обезбеди своето седмо учество на континенталните ракометни собири каде од групата ќе патуваат и Данците. Европското првенство ќе се игра во јануари следната година во Словачка и во Унгарија.

Сподели