Лани 32 возила украдени во Битола

0
2573

Околу празниците неколку кражби на автомобили во Битола. Тоа можевме да го прочитаме по социјалните мрежи и реакциите на граѓаните за како што велат, зачестените кражби. Според објавените фотографии и информации на социјалната мрежа фејзбук биле украдени едно возило голф4 и две возила голф5. Побаравме информација од битолската полиција за тоа колку кражби на автомобили се евидентирани за 2017 година. Нивната евиденција вели дека најмногу украдени возила има во Битола, дури 32 за 2017 година .

-На подрачјето на СВР Битола во текот на 2017 год. пријавени се вкупно 46 настани во кои како цел на одземање биле патнички моторни возила. На подрачјето на ПС Битола пријавени се 32 настани, на подрачјето на ПС Прилеп 13 настани и 1 настан на подрачјето на ПС Ресен . Од вкупниот број пријавени настани околу 50% или половина од одземените  ПМВ се пронајдени и тоа околу 43% од возилата се од Битола и околу 53% се од Прилеп.Врз основа на начинот на кој е извршено одземањето на ПМВнајчесто во 50% возилото било оставено со клучевите во возилото или на бравата за стартување на возилото, а во останатите настани искористена е згодна прилика или е одземен клучот од сопственикот на возилото. Најчесто одземани типови на возила се: 7возиларазлични типови на „Југо“; 7 возила„Фолксваген- Голф“ сите типови; 5 возила„Опел Астра“; 3 возила „Фолксваген Пасат“, Лефтерија Миленковска портпарол на СВР Битола

Полицијата вели дека причина за кражбите била невнимателноста на возачите и еве што апелираат.

  • Вашиот автомобил секогаш оставајте го заклучен и со затворени прозорци;
  • Не оставајте вредни предмети на видно поле во возилото (чанти, торби и сл.)
  • Секогаш паркирајте го возилото на осветлени места;
  • Користете алармни уреди за возилата;
  • Осигурајте го возилото;
  • Личните документи носете ги секогаш со Вас,
  • Задолжително пријавувајте украдени клучеви, додава Миленковска

Ако во изминатите неколку години црната статистика зборуваше за голем број на опожарени возила, сега за жал зборува за украдени автомобили. Во последните случаи на кражба на автомобили оштетените и преку фејзбук си ги бараат возилата.