Латина-нов видео запис на Дарко Шабац

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Деновиве излезе новата песна „Латина“ на битолскиот рапер Дарко Јоцковиќ – Шабац. Песната е изработена во Гимел студио, а за текстот се погрижи Шабац, сценариото за видео записот е на Никола Тргачевски Кумба.

-Во спотот учествува и Кумбата каде глуми дедо кој е во бесна трка со мене за да ја придобие девојката (модел од студио Шанел), победникот ќе го дознаете откако ке го погледнете спотот до крај-вели Дарко.

Спотот го изработи Куба видео, (Томе Влашевски заедно со Зоран Ташковски),а се снимаше на една локација на платно поточно на краварскиот пат во работилница кај “Владо Тахограф”. Главен спонзор за ова видео е Кромберг и Шуберт.

 

Share.