Ла Гараж Битола, гаражата каде со голема љубов се навива за спортот

Цела Македонија е подготвена страствено да навива, за што сведочат многуте постови на социјалните мрежи.

Цела среќа што се изборивме со пандемијата, па се отворивме и сега кафулињата ги поставија големите телевизори за гостиоте да гледаат европско. На сите големи спортски настани, а досега ние сме имале најголеми успеси со ракометот, секогашп тоа е момент како да се ужива и навива за македонската репрезентација.

Во Битола има еден уникатен пример за кој веќе сме информирале,  а деновиве нашето внимание го првилече постот на социјалната мрежа Фејсбук кај наш сограѓанин.

„Ла Гараж Битола, Со љубов за Македонија“ вака е насловот. Сега во ново руво во чест на историскиот успех на фудбалската репрезентација се декорираа и се подготвија страсно да навиваат и да ги бодрат. Ова е гаражата каде со голема љубов се навива за спортот вака беше пред, а вака е потоа односно сега.

Идејното решение е на Кирил Гагачев ортограф, а реализацијата е на Драган Милованов Hybrid Minds Crew и Драги Павловски.

Од вечерва сите сме со Македонската фудбалска репрезентација и стегаме палци за големи успеси.

Сподели