На следните избори треба да се избира меѓу личности и партии кои ништо немаат направено, и личности и партии кои покажале дека работаат во интерес на граѓаните, велат од битолската ЛДП.
„Кандидатите за пратеници од Вмро – Дпмне беа дел од режимот на Вмро-Дпмне до 2017 година и беа главни поддржувачи на Владимир Талески (ДВОЈЧЕ).
Пеце Милевски советник од 2013г.до 2017 г. кога градоначалник беше Двојче.
Олга Лозановска советник кога градоначалник беше Двојче.
Силвана Ангелевска претседател на Совет кога градоначалник беше Двојче.
Овие ликови никогаш не се одрекоа ниту се откажаа од Двојче, ниту пак му се извнија на битолчани за Транспортер, криминал тежок 360 000 евра.
Овие луѓе гласа за сите злодела кои ги направи Талески и Вмро-Дпмне.
Во време на овие ликови Битола остана без планинарскиот дом Копанки и овие ликови беа главни поддржувачи на Владимир Талески (Двојче).
Копанки, гордоста на Битола да му се даде на приватници. Овие ликови се дрзнаа тоа што беше градено од парите на битолчани да му се даде на приватници. Ја критикуваат приватизацијата а тие самите спроведуваа криминална приватизација.
Одиме понатаму:
Во време на Олга, Пеце и Силвана, Битола остана без полигон за полагање на возачки испит.
Локалната власт предводена од ЛДП и СДСМ направи полигон и сега битолчани немора да одат да полагаат за возачки испит во Прилеп,Реаен итн нешто што беше случај во време на Вмро-Дпмне и во време на Олга, Пеце и Силвана.
Да не дозволиме овие ликови од времето на Двочје, повторно да не вратат во негово време“ стои во соопштението на ЛДП.













