Леа, Роберт и Некст Тајм од дома во Ритамот на градот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И денес во Ритамот на градот ни гостуваат битолчани кои упатуваат порака за заштита од корона вирусот, како и дуото Некст тајм кои на својот официјален Фејзбук профил со изведување на музички нумери го пополнуваат слободното време на граѓаните под мотото „Седи дома“.

Во денешното издание ќе ги гледате:

  • Битолчанката Леа Бошевска од Кик бокс клубот „Самурај“ од Битола, својата кондиција преку вежби ја одржува во својот дом. Ги повикува сите оние кои сакаат да ја одржуваат својата кондиција како неа, да ги применуваат овие вежби кои таа ги презентира, да седат дома со цел да се заштитат од вирусот корона и да вежбаат со неа.
  • И одбојкарскиот тренер Роберт Митковски, преку видео порака од својот дом повика на трпеливост додека траат мерките за заштита на здравјето на граѓаните.
  • „Останете дома ,од нас зависи, да го победиме што е можно побрзо Корона вирусот .
    Додека не го победиме се надеваме дека на овој начин ќе ви го свртиме малку вниманието кон музиката и позитивните работи што овој свет ги поседува….StayHome“, напишаа на својот официјален Фејзбук профил дуото Некст тајм и ја изведоа песната Soldier of Fortune.

Share.