Легендарните WHITESNAKE ќе настапат во Скопје

 “Големо е задоволството да ве информираме дека успеавме на WHITESNAKE Farewell tour, да го вклучиме и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот“ , истакнуваат организаторите,  Авалон Продукција.

Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот Дејвид Ковердејл, одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите.

Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

„Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.

“Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам, речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”- рече Ковердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и може да се купат преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Големите одат со стил, а концертот на WHITESNAKE е нешто што не смеете да го пропуштите во Скопје- за последен пат!

 

Неда Маретиќ

 

Сподели