Лекарите на Скрипал без прогнози за долгорочното здравје на Сергеј и Јулија

0
313

Лекарскиот тим на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои беа отруени со нервен агенса во Велика Британија, не можат да направат долгорочни прогнози за нивното здравје.

Скрипал – поранешен полковник на руското воено разузнавање, заедно со неговата ќерка Јулија  беше пронајден во бесознание на клупа во јужниот англиски град Солсбери на 4 март.

Лекарите од болницата во Солсбери, каде двајцата беа лекувани, за Би-Би-Си изјавиле дека се прашувале дали некој од нив нема да настрада од нервниот агенс. Тие во почетокот на лекувањето стравувале дека Сергеј и Јулија ќе умрат од труењето.

На прашањето какви ќе бидат долгорочните последици од труењето по здравјето на таткото и ќерката, медицинскиот директор на болницата Кристин Бланчард возврати дека прогнозата е нејасна.

– Чесен одговор е дека не знаеме, рече таа во интервјуто за Би-Би-Си.

sitel.com.mk