Лековитите својства на костенот

Костен – род од осум до десет видана листопадни дрва и грмушки од семејството буки со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото. Костенот припаѓа на истата фамилија како и дабот и буката. Четири поважни вида се нарекуваат питом или европски, кинески, јапонски и американски костен. Дивиот костен припаѓа на родот  Aesculus. Во Македонија костенот е најзастапен на Беласица и Шар Планина.

 

 

Плодовите на питомиот костен ја чистат крвта и го зајакнуваат имунитетот. Тешко се варат во организмот, но затоа пак даваат многу енергија. Поради нивната хранливост, старите народи ги користеле за општо подобрување на здравствената состојба на организмот, додека во средниот век, питомите костени се користеле како важна намирница во исхраната на посиромашните слоеви. Познато е дека Цезар ги палел шумите со костени во териториите кои ги освојувал за да го уништи овој извор на храна на домашното население.

Дивиот костен се користел како храна за стока, а особено како храна за коњи, па затоа во народниот јазик честопати се нарекува и коњски костен.

 

 

 

Плодовите на костенот се извондредно хранливи и содржат голем број на витамини и минерали меѓу кои се магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот, зелезото и скоро сите витамини од групата Б.

Плодовите на костенот се користат во исхраната на различни начини – варени, печени, сушени, во вид на брашно и тн. Од листовите на костенот може да се направи вкусен и здрав чај кој содржи дури 95% танин, различни видови на есенцијални смоли  и витамин К кој има огромна улога во стопирањето на крварење.

Во комбинација со мајчина душица, костенот може да се користи за третирање на проблеми во системот за дишење. го чисти организмот, помага при болки во грбот и при дијареја. Медот од костен е многу хранлив и лековит. Се применува за лечење на гастритис и проблеми во варењето, го штити дробот и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Дивиот костен најчесто се применува за лечење на проблеми со вените, артитис и реума.

Костенот делува како диуретик и има противвоспалително влијание, ги намалува лимфните отоци и помага кај кожни заболувања.Од цветовите на костенот може да се направи тинктура која се користи во лечењето на ревматски тегоби, гихт, артритис и неуралгии.

 

 

Сподели