Летна репортажа од убавиот и скап Бодрум

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бодрум е едно од најелитните одморалишта во Турција, кое се наоѓа во провинцијата Мугла на Егејското море, на 300 километри западно од Анталија, спроти грчкиот остров Кос.  

Ако сакате барови, дискотеки, клубови, забава и ноќен живот – тогаш Бодрум место е за вас. Покрај тоа, сурферите и  ентузијастите за пловење ќе може да уживаат во своите авантури. Благодарение на присуството на ветрови во овој регион сите услови се создадени за овие спортови.

Туристичкиот центар Бодрум ја има целата инфраструктура со хотели, продавници, пазари, банкомати, ресторани, барови, таверни. Бодрум нуди различни активности во вода: сурфање на ветер, параглајдинг, скијање на вода и возење на мотоцикли.

Бодрум е омилено место за одмор на турскиот боем. Уметници, писатели и музичари, бизнисмени, спортисти, актери, политичари и многу други од елитата доаѓаат тука за време на викендите и празниците, а некои уметници постојано живеат во градот, црпејќи инспирација од него.

Вреди да се оди во Бодрум за секој оној кој се смета себеси за активно лице преку ден и ноќ. Вие нема да најдете толку многу забава во било кое друг одморалиште во Турција како во Бодрум. Љубители на спорт и јахтинг – исто така спаѓаат тука. Нуркачите нуркаат во близина на островот Орак, источно од одморалиштето, како и во Каргју, Кечек и Чатал.

Но, за оние кои преферираат мир и спокојство, подобро е да најдат друго место за одмор. Обожавателите на евтин шопинг, исто така, можат да бидат разочарани, бидејќи цените се доста високи.  Но, во исто време е презентирана и висококвалитетна облека.

Во Бодрум треба да се внимава при изборот на плажа за оние кои се грижат за пливање во мирно море, без високи бранови.  На некои плажи има чести ветрови кои се добри за сурферите, но понекогаш го отежнуваат редовното пливање.

И пред да одлучите да отпатувате во Бодрум, најнапред бидете сигурни дека вашиот буџет ќе биде доволен, зошто Бодрум е едно од најскапите туристички места во Турција.

Од Бодрум за ТЕРА Телевизија, Мартин Николовски.

Share.