Во тек се завршните активности за изградбата на ресторанот за општествена исхрана во РЕК Битола. Планот е летово мензата да биде пуштена во употреба, каде што топол оброк ќе добиваат над 2000 вработени во комбинатот. Ресторанот РЕК го гради со сопствени средства.

„Моментално се набавува опрема за греење, климаатизација и опрема која че биди за кујната во нашиот комбинат. Ние тоа ќе го спроведиме и нашите работници ќе можат да имаат топол оброк каде што овај Комбинат покрај тоа што ќе ги упслужува нашите работници ќе ги опслужува и работниците што работат тука и од другите фирми, така што ќе се подобри квалитетот на исхраната нормално ќе се подобри и доходовноста во нивната работа “, рече Пеце Матевски, директор на РЕК Битола.

Мензата ќе работи во три смени каде што вработените ќе добиваат топол и сув оброк во зависност од тоа што сакаат да јадат, а ќе имаат можност да бираат меѓу четири топли оброци.Сувиот оброк ќе биди секој ден нов.

„Сега се наоѓаме во ресторанот за општествена исхрана во РЕК Битола кој се спрема по сите прописи, посебно по Хасап системот и да опслужува некаде околу 2000 народ со топол оброк. Ресторанот беше во многу руинирана состојба, кај ова раководство сегашно се најде добра волја и обезбедија средства и истиот да го направиме да биде нешто навистина по Хасап системот за да можат луѓето да јадат топол оброк кој на овие луѓе овде што работат навистина им е потребен. Моментално се наошаме во ресторанскиот дел каде што ќе биде, горе се наоѓаат канцелариите за смештај на персоналот што ќе работи во ресторанот и сме во завршна фаза. Се чекаат уште да дојдат машините за готвење и се чекаат да дојдат дифузерите за топол и ладен воздух и комплетно ќе биде готова мензата. Ние работиме што побрзо да го направиме, сме и во ремонт, струјата и парното ги правиме сами со наши стручни екипи, но ќе гледаме што побрзо да го направиме барем луѓето во текот на летото да почнат да јадат топол оброк“, рече Никола Радевски раководител на градежната служба во РЕК Битола, задолжен за градежно одржување на целиот комбинат.

Инаку мензата во Рек Битола не работи од 2011 година кога беше укината од Управниот одбор на тогашен АД ЕЛЕМ. Од 2017 година на вработените во коминатот им се дава само бесплатен сув оброк.












