ТЕРА

REKLAMA???

ЛЕФКОВ: НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ, Е НАЈЛОШИОТ ИЗБОР ОД ДЕЦАТА НА ЗАЕВ

Раководството на СДСМ, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос, вака денеска на прес конференција рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти.

Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче.

Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори.

Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години.

Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС“ рече Лефков.