Лешници за подобро здравје

Лешникот е овошно јаткасто растение  кое се наоѓа во нашите шуми и ридови како самотник, групиран често на рабовите од помали шумски комплекси. Тоа е дрво во вид на грмушка, густа, со изразити гранки кои лесно се виткаат и достигнуваат висина до 5 метри.

Плодот претставува концентрирано и високо калорично овошје богато со масти, белковини, витамини и минерали. Тој наоѓа голема промена во кондиторската индустрија. Уште од јадрото на лешникот се добива висококвалитетно масло кое се користи не само во исхраната туку и во медицината, како и во козметичката индустрија.

 

Лешниците содржат витамини, минерали, протеини, растителни влакна и здрави масти. Лешниците обезбедуваат многу здравствени придобивки и се доволно добри за заслужно да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана.

Прочитај и: Зошто да јадеме бадеми!

Лешниците содржат здрави масти кои можат да го заштитат здравјето на срцето. Конкретно, тие се богати со здрава полинезаситени и мононезаситени масти, а многу малку содржи нездрави незаситени масти. Лешници се добар извор на олеинска киселина. Олеинската киселина го намалува нивото на лош холестерол, ЛДЛ, а го подигна нивото на добриот холестерол, ХДЛ, во организмот.

Лешниците имаат висок износ на витамин Е, витамин Б, и фолна киселина. Витаминот Е е важен за одржување на здрава кожа, косата и ноктите. Б витамините се важни за функцијата на метаболизмот и енергетскиот метаболизам. Лешниците се исто така богат извор на калиум, калциум и магнезиум. Минералите од лешниците ни обезбедуваат многу здравствени придобивки, вклучувајќи го регулирањето на  крвниот притисок. За разлика од нездравите грицки како што се чипсот и рафинираните производи, лешници можат да го обезбедат организмот со здрави хранливи материи за подобро здравје.

Сподели