Леќата извор на железо

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; ) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови   (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура.  Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во  мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени   растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна. Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

Прочитај и: Грашокот е богат со хранливи материи

Хранливи вредности: 

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини  по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.Во белковините се застапени есенцијалните аминокоселини изплеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат вегетаријанско население. Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.

Леќата содржи и прехрамбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%). Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1, кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински  забавувачи и релативно големата количина нафитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.  Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Сподели