Либертанго – Наместо битки, танцувајте

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Приказна за создавањето и патот на тангото –  Либертанго, битолчани имаа можност во Центарот за култура да го погледнат перформансот на МОБ посветен за уличниот танц што го достигнува пиедесталот на светската танц – сцена.

Тангото е танц кој настанал од 3 различни народи односно емигранти.

Композиторот Астор Пјацола во ова танго вметнал и сегменти од повеќе музички правци што го прави поразлично од аргентинското танго.

Пораката на овој перформанс беше да се долови болката на мешавината од народи.

Прашавме, како тие ја доживеаа публиката и аплаузот во градот каде што нема ниту орепа, ниту балет.

Оваа приказна го покажува патот на италијанското семејство Пјацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пјацола, кои ја доживуваат Аргентина како земја на нивната иднина. Тангото долго време му е инспирација на младиот Пјацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото насекаде низ светот.

Share.