ТЕРА

REKLAMA???

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА

Лидерите на Г7 на вчерашната средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски изјавија дека украинската влада и нејзиниот народ можат да сметаат на поддршката на Г7 сè додека тоа е неопходно и оти ќе продолжат да ја зголемуваат „цената на руската војна“.

Како што се наведува во соопштението, објавено на денот кога се одбележуваа две години од почетокот на војната во Украина, тие се сретнаа со Зеленски за да ја потврдат нивната „непоколеблива поддршка за Украина“ и да ја поздрават „храброста и издржливоста на украинскиот народ кој неуморно се бори за слобода и демократска иднина на Украина“.

Тие исто така порачаа дека се убедени дека можат да обезбедат народот на Украина да победи во борбата за својата иднина и да помогне да се создаде сеопфатен, праведен и траен мир.

– Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската војна, да ги деградираме изворите на приходи на Русија и да ги попречуваме нејзините напори да ја изгради својата воена машина, како што покажаа нашите неодамна одобрени пакети санкции, рекоа лидерите на Г7.

Тие додадоа дека се посветени на целосна примена и спроведување на санкциите против Русија и усвојување нови мерки по потреба.