Лидерите на Србија и на Косово се соочија во СБ на ОН

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи се соочија на седницата на Советот за безбедност на Обединетите наци неколку денови откако парламентот во Приштина гласаше за трансформирање на Безбедносните сили во оружени сили на Косово.

Овој потег ги налути Србите на Косово и Белград, а предизвика и загриженост кај НАТО. Претседателот Тачи во Советот изјави дека станува збор за „природен чекор“ за да се зацврсти косовскиот статус како суверена држава. „Единствена грешка е што чекавме пет години за да формираме армија“, рече Тачи. Претседателот Вучиќ побара од Советот за безбедност да го „скроти“ Косово. „Многу сум загрижен и дури малку уплашен“, рече Вучиќ во врска со косовската армија.

slobodnaevropa.mk

Share.