Лидерската средба не успеа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Нема ни инфомација дали е закажана уште една средба.

Неизвесно е и дали ќе продолжат разговорите на работните групи.

Неофицијално, на синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се формираат две обвинителства – обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата и Обвинителството за гонење наорганизиран криминал останува. Ова за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо.

линк

Share.