Лидл во Швајцарија почна да продава марихуана, еве какви се цените

0
1017

Германскиот трговски синџир Лидл деновиве воведе апсолутна новина на своите полици. Но само во Швајцарија. Имено, во швајцарски Лидл може да се купи марихуана од домашно производство.

Цени? За грам и пол канабис растен во домашни услови ќе мора да издвоите 18 швајцарски франци, што е приближно 15 евра. Пакетче со три грама канабис од стакленик чини околу 17 евра, пишува британски Гардијан.

Познатиот трговски синџир со тоа ги искористи измените на законот од 2011 година, според кој полнолетни Швајцарци може да купат канабис со помалку од еден отсто ТХЦ. Производите од Лидл се направени така што не опиваат, туку само опуштаат.

Дистрибутер на канабисот е швајцарската фирма Ботаникалс. Тие одгледуваат „трева“ во затворен простор, со помош на полуавтоматизирани стакленици.

„Се потпираме исклучиво на одржливо производство и не додаваме хемикалии ниту синтетички или генетски модифицирани супстанции“, наведуваат тие во својата изјава.

mkd.mk