Ликовна работилница „Чекориме заедно“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со цел да се зголеми инклузијата на децата со инвалидност во општествените активности, полесно стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата, како и нивно прифаќање од страна на заедницата денеска се одржа ликовна работилница во Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух-Кочо Рацин Битола под мотото „Чекориме заедно“ во организација на студентите од Факултетот за психологија од Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола.

– Организирано е првично арт терапија во која децата ќе цртаат заедно со нашите студенти, како втор дел ќе биди мјузиклот со мега звездата Ристе Ристевски, и како трет дет ќе биде доделување на пакетчина од нашите спонзори. Ова е веќе втора година откако ние сме почнати со овој прокет  а првиот проект ни беше реализиран во Климент Охридски во Прилеп, изјави Натали Здравевска студент по психологија на Меѓународнен Славјански Универзитет

Изработените цртежи ќе бидат изложени во Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола.
Во скоро време планирани се и други вакви проекти во останатите градови во Македонија.

Share.