Третиот ден од Фестивалот на музика од светот беше резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ кои настапија во Центарот за култура . Во Битола ги изведоа песните од албумот „Чудо“ кој беше претходно промовиран во Скопје и во Охрид.
Дел од композициите на „Чудо“ се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини.

Покрај тоа Лилит изведоа дел од композициите на вториот албум кој во моментов е во фаза на продукција. Бендот не водеше на музичка прошетка симбиоза од различни музички стилови. Годинешното издание на фестивалот “Музика од светот“ во Битола се одржа под слоганот “Време е за светскиот звук, дома.












