Лимена ограда за заштита на Офицерски дом

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во петокот вечертa пожар го зафати Офицерскиот дом во Битола, еден од најубавите архитектонски зданија на битолски Широк Сокак. Пожарот настанал откако несовесен граѓанин го запалил ѓубрето во внатрешните простории на Офицерскиот Дом. Во 20: 50 часот  случајот во Противпожарната единица го пријавил најверојатно  сопственик на едно од кафулињата. Од противпожната единица во Битола велат дека интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Со апарати за гаснење пожар веднаш огнот бил изгаснат. Од таму додаваат дека ова не е првпат некој да запали оган во Офицерскиот дом во Битола. Во изминатиот период од Противпожарната територијална единица имале неколку пати интервенирано на дојава на граѓани дека е запален оган во овај објект.

Палењето на оган во Офицерскиот дом во Битола деновиве предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. На својот фејзбук профил се огласи и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која напиша дека Офицерскиот дом ќе се загради со лимени барикади до почетокот на реставрацијата за да не може секој еден да влегува внатре и да врши дополнително оштетување.

-ОФИЦЕРСКИ
Палеле или кршеле, КРАЈ! Ќе ги ставам лимовите околу Офицерски и ќе почнам од кровот. Да не го рони дождот она што останало од него. Немам сон, некогаш во три, некогаш во пет и не се срамам да го кажам тоа. Ама имам сон за Офицерски и ќе го бидне. ,,Случајните,, греења ќе испарат од некреативните политичари, напиша Петровска на својот фејзбук профил.

Офицерскиот дом е еден од најубавите архитектонски бисери на Широк Сокак, кој со години наназад се руинираше. Од Општина Битола најавија дека за годинава се издвоени пари од општинскиот буџет и од Министерството за култура за негова реставрација.

-Со градоначалничката на Општина Битола разговаравме за понатамошниот план за реализација на реконструкцијата и обновата на Офицерскиот Дом Битола. Како што знаете Владата на РМакедонија со одлука обезбеди почетни 10 милиони денари на отпочнување за работите со реконструкцијата.Надлежна институција која што треба да направи конечно категоризација на овој објект од нашето културно наследство е Завод и музеј Битола и тие таа обврска ќе ја исполнат. Понатаму ќе следи ревалоризација на изведбениот проект од страна на Општината и надлежната институција, односно Заводот и потоа ќе се оди кон следните фази: Се договоривме овие работи да ги изведува Општината, додека стручниот надзор, работата околу заштитата да ја изведи надлежната институција. Така што очекуваме многу брзо да се откочи целиот процес и дека во 2018 година ќе отпопчне прво заштитата на самиот објект, па по фази согласно буџетските можности и целокупната реконструкција на објектот, кој што е даден на Општина Битола и која што ќе може да го употреби како јавен културен простор во интерес на граѓаните на Битола, вака рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски во месец јануари годинава. (12.01.2018).

Во меѓувреме останува да се надеваме дека во наредниот период нема да биде предизвикан повторно пожар или некој друг инцидент во Офицерскиот дом во Битола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share.