Литванија го ратификува Протоколот за пристап во НАТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Литванскиот парламент со 108 гласови „за“ и ниту еден против го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава кон НАТО.

На седницата присуствуваше и претседателот на македонскто Собрание, Талат Џафери.

„Сејмот на Литванија и државата Литванија со чинот на ратификација на протоколот за наше пристапување во НАТО, само ја потврди на дело искрената и безрезервна поддршка што во текот на сите минати години сме ја имале и добивале од вас. Затоа, дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Џафери.

Тој додаде дека се надева дека до крајот на оваа година или почетокот на 2020 година протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, ќе биде ратификуван во сите 29 национални парламенти и со тоа ќе станеме триесетта полноправна членка со сите права и обврски што ги има секоја членка на НАТО.

Share.