Ловечкиот испит ќе се полага во сите градови

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ловечкиот испит нема да биде само во Скопје. Ќе се полага и во внатрешноса на државата во местата од каде потекнуваат кандидатите за ловџии. Вака истакна минситерот за земјоделство Лупче Николовски кој на членовите на ловните друштва од струмичко им соопшти дека постапката е поедноставена и олеснета во функција на развој на ловството во Македонија.

„До крајот на летото, овозможуваме за 2000 апликанти кои во претходните години аплицираа, а не беше возможно полагање на ловечкиот испит. Сега ќе се полага во два дела во ист ден и со помали трошоци.“ вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Цели две години беше закочен процесто на полагање ловечки испит и потегот на министерството го поздравија членовите на ловните друштва. Тие сметаат дека државата треба да даде поголем фокус на ова гранка бидејки во Европа македонското ловство е последно, без многу инвестиции   во делот на ловниот туризам.

Share.