Лозано го најави својот спектакуларен концерт

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После повеќе од десет години на сцената Влатко Лозаноски музичар со безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави со голем и како што велат од Авалон спектакуларен концерт пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот. Денес на пресконференција Лозано откри детали за тоа што се подготвуваат за претстојниот концерт.

Лозано зборуваше и за неговата најнова песна „Мајко“ за која посочи дека очекувал да привлече внимание и побуди емоции кај сите бидејќи станува збор за емотивна балада.

Најавени гости на концертот на 23-ти март се дуото „Next time“ и соработничката на Лозано, Магдалена Цветковска, за кои на новинарско прашање дали ќе настапат заедно или ќе имаат свои точки Лозано рече дека ќе остави тоа да биде изненадување за концертот.

Од Авалон истакнуваат дека за нив ова е чест да огранизираат концерт за еден од најквалитетните вокали во државата.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, додаваат од Авалон, а влезници можат да се набават преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk

Share.