На седницата на Советот на Општина Битола, на која главна тема беше завршната сметка на Општина Битола за 2023 година, советничката од ВМРО ДПМНЕ, Ненси Лозанче ја праша СДСМ како би ја спорела завршна смета која има многу поголема реализиација од времето на претходната локална самоуправа.
„Една мала споредба во однос на реализација на приходи од 2017 до 2023 година. Нема сите да ги читам – највисока реализација има последните две години.
А, реализацијата на расходите во 2021 се движи околу 64% , 2022 и 2023г е над 80%.
Математичар би се задоволил само со бројки и тука ќе заврши диксусијата. Но, логичар би кажал, ако колегите кои беа претходно советници во овој совет гласале за околу 60% реализација, како не би гласале сега кога реализацијата е над 90 па и 100 % .
Советот е сериозна институција и секој збор искажан на оваа говорница има огромна тежина. Обвинувате за партиски вработувања. Во Православието има една изрека – кој е без грев прв нека фрли камен. Едно партиско вработување да имате во едно јавно претпријатие – помудро е да се преќути“ рече советничката Лозанче,
Таа возврати и на обвинувањата дека во ВМРО ДПМНЕ има раскол.
„Деновиве слушаме за раскол во партијата. Јас ве уверувам, никогаш како досега ВМРО-ДПМНЕ ва Битола и во Република Македонија не била посплотена, поединствена и посилна. А како не би била кога не очекува голема победа на 8 мај. Но, слушнавме по медиумите дека имате мислам околу 600 апликации за пратеници“ рече таа.

И тука имаше реакција дека во советот нема да се дозволи да се зборува за пратеници, ја предупреди Илиевска. Се вмеша Бојкоски во одбрана на својата колешка Лозанче, на што Илиевска го предупреди да не се меша и дека ако е координатор не е господ во општината. На ова Бојкоски до Илиевска- мислите дека сте господ.












