Луис Хамилтон ја освои шестата титула светски првак

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Доминација на Мерцедес во САД, Валтери Ботас Ботас триумфираше пред тимскиот колега Луис Хамилтон. Британецот се реши за стратегија со едно застанување во бокс, па беше во водство во завршниот дел од трката. Сепак, не можеше ништо да стори кога на пет круга до крајот Финецот нападна со посвежи пневматици и на вториот правец лесно го претекна за сосема заслужена победа во викенд кога ја освои и пол позицијата.

Но, Луис Хамилтон нема да биде разочаран, бидејќи се радува на нова титула во Формула 1, негова шеста. Тој пред себе сега го има само легендарниот Михаел Шумахер.

Последното место на пиедесталот му припадна на Макс Верстапен, кој во последниот круг се обиде да го претекне Луис Хамилтон, но не успеа да изгради добра позиција за напад а имаше и двојни жолти знамиња на крајот од вториот правец кои дополнително ја отежнаа задачата.

Share.