Лустерот во фокусот на денешната расправа во случајот против Талески

0
1449

Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески денеска на ново рочиште за предметот на Основното јавно обвинителство за негрижа за Офицерскиот дом . Талески денес во судницата со која што заседаваше судијката Татијана Петровска рече дека обвинението е тенденциозно, неосновано и апсурдно.

-По допрен глас јас денеска во суд бев за лустерот, затоа што лустерот во Офицерски дом паднал и добив кривична пријава од еден јавен обвинител. Не сакам да помислам дека битолското обвинителство е продолжено ехо на сите шарени револуции и други револуции што се случуваа низ државата, рече Владимир Талески поранешен градоначалник на Битола.

Обвинителката Оливера Нечаковска рече дека Талески иако бил свесен за обврската да се грижи за заштита на сопственоста на општината, не обезбедил соодветни мерки за заштита на Офицерскиот дом. Адвокатот Драган Пажик рече дека со доставените доказите ќе докажат дека состојбата со Офицерскиот дом во 2016  за која што се сомничи градоначалникот Талески е иста со состојбата  во 2010.Тој рече  дека лустерот од балската сала што во обвинението се прикажува како непроценливо богат, всушност е како и секој лустер,а такви и денес се продаваат.

-Многу сум благодарен што општина Битола ни ги достави материјалите кои ние ги баравме и истите се проследени во судот. Денес конечно започнавме со постапката, така што очекувам брзо да заврши. Не би сакал да давам коментари за распитаните сведоци, рече Драган Пажик, адвокат

-Во нашето работење додека јас бев градоначалник на Битола нема никаков криминал. Можат уште десетици кривични пријави да пуштат, ние ќе се трудиме сетоа тоа да го докажеме во институциите. Јас сум убеден дека судот нема да потпадне под влијание на овие притисоци, поткупувања, дефукусирања, и дека ќе ја гледа вистината, рече Талески.

Талески денеска рече дека сме живееле во време на лага.

-Живееме во време на лага, во време на дефокусирање на вниманието на јавноста со намера луѓето да не мислат на вистинските проблеми во земјата, додаде Талески .

Денес на главната расправа беа сослушани сведоците на обвинителството , а на 28 мај е закажано ново рочиште кога ке бидат сослушани сведоците на одбраната.