Мавровски: Да се направи регистар на детски театри во Македонија

0
850

Творецот на детскиот театар „Бабец“ од Битола Васко Мавровски вели дека не се точни информациите дека нивниот театар бил близок со претходната власт. Како аргумент кон тоа наведува дека за 8 години постоење општината Битола во вкупниот буџет на театарот учествувала со 23,4 проценти а, министерството за култура со 10,9 проценти.
Мавровски вели дека нивниот интернационален детски театарски фестивал Битолино, нашол место и на интернет страницата на Светската асоцијација на детски театри, а на мапата на светски признати фестивали се наоѓал на второ место, но досега не се појавил на интернет страницата на Општина Битола.
Бараат воведување на регистар на детски театри во Македонија за да се одвојат професионалните од аматерските, потоа воведување лиценца за работа со и деца и продажба на билети за да има заштита од нелојалната конкуренција.