Утрово -2 степена во Лазарополе, -1 Битола, Прилеп, Маврови Анови, 0 Претор, Штип, Крушево, Попова Шапка, 1 Демир Капија, Дебар, 2 Охрид, Крива Паланка, Берово, Гевгелија, 3 Тетово, Виница, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Дојран, 6 Скопје-Зајчев Рид.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно, со појава на магла или ниска облачност. Само во Берово, во крајниот југоисточен дел, како и на планините е сончево.
Претпладне во поголем дел од земјава ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладнена места умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени. Во Битола до 6 степени.












