Маглата ја намали видловоста на повеќе патишта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Битола 100-150 метри, Куманово 50-100 метри, Тетово 50-60 метри, Павлешинци 30-50 метри, Велес 100 метри, Катланово-Велес 100 метри и Отовица-Катланово 100 метри.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Share.