Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. Намалена видливост поради појава на магла има до 50метри на планинските премини Буково и Пресека.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Потсетување: сообраќајот преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сите видови возила.












