ТЕРА

REKLAMA???

МАГО: ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА АБОРТУСИ ВО 2023

Дали сеопфтно сексуално образование ќе ги промени статистичките податоци за малолетничка бременост и абортуси. Македонската асоцијација на гинеколози излезе со извештај за стапката на абортуси во текот на минатата година.

Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани 1.133 абортуси. Најмладата пациентка имала 13 години. –  објавува денеска  МАГО Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, а пренесува МИА. Претседателот на МАГО, професор доктор Глигор Тофоски посочува дека стапката на адолесцентна бременост, на девојки на возраст од 15 до 19 години, сѐ уште е многу висока и дека годишно околу 100 млади девојки под 20 години абортираат.

Според извештајот на службите за здравствена заштита на мајки и деца за 2021 година,  во текот на 2021 година регистрирани се вкупно 20 живородени новороденчиња од мајки под 15 години и 791 живородени и 5 мртвородени новороденчиња од мајки на возраст од 15 до 19 години. Во 2023 година, Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава во соработка со националните партнери, започна формирање база на податоци за децата со цел развивање на демографски профил на детската популација во Северна Македонија. Во публикацијата „Профил на детската популација во Република Северна Македонија“ се посочува дека кај групата адолесцентки на возраст 15-19 години, во рамки на Пописот, 1000 девојки изјавиле дека имале родено едно или повеќе деца.

Овие податоци го наметнуваат размислувањето кон сеопфатното сексуално образование – за полесно разбирање на потенцијалните физички и психолошки последици од несаканата бреност и абортусот, за превензијатаљ од непланирана бременост, за заштитата од инфекции, зачувување на фертилитетот – ја пренесува МИА  оваа информација.

Извор: МИА