Маж пукаше сам во себе пред Белата куќа во Вашингтон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Неидентификуван маж пукал сам во себе пред Белата куќа во Вашингтон, соопшти Тајната служба на САД. Од тие причини Белата куќа е денеска ставена под блокада. На местото на настанот се наоѓаат медицински лица, но не е познато во каква состојба е мажот.

Тајната служба наведе на Твитер дека мажот со пиштол пукал во себе покрај оградата на северната страна од Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, инаку денеска се наоѓа на Флорида, а од Белата куќа соопштија дека е известен за инцидентот.

Share.